Голема трагедија ја погоди Франција кога пред крајот на првото полувреме на натпреварот меѓу Ним и Марсеј (2:3) почина навивач на домашната екипа.
Станува збор за 39-годишниот Седрик Дебел кој на стадионот бил заедно со својот син и наводно паднал на скалите кои водат до тоалетот. Итната медицинска помош се обидела да го одржи Дебел во живот, но тој настрадал како последица на срцев удар.
-Со голема тага клубот ја прими веста за смртта на Седрик, навивач на Ним и сопственик на сезонска карта на јужната трибина. Клубот искажува искрено соучество на семејството на Седрик и неговите сакани. Во договор со семејството, во чест на Седрик, на следниот натпревар со Бордо на 21. Март ќе му оддадеме почит. Заработката од тој меч ќе биде во целост подарена на неговиот син, Лоику, – се вели во соопштението на францускиот клуб Ним.