Тој не бил меѓу судиите одбрани да ја делат правдата на Мундијалот во Катар, поради што сакал паузата да ја искористи да ја подобри физичката подготвеност. Синоќа, како и многу пати претходно, само се срушил за време на тренинг, по што е утврдено дека имал тежок мозочен удар по кој едноставно лекарите не можеле да го спасат. Веста ја потврдија и од француската судиска организација.
Хамел последниот меч како прв судија го имал на 6 ноември на дуелот помеѓу Лил и Рен во кој покажал пет жолти и еден црвен картон. Изминатиов викенд беше дел од судиската екипа на пресметката помеѓу ПСЖ и Оксер (5-0) на кој беше главен во ВАР-собата.