Ученик од осмо одделение во Основното училиште „Жарко Зрењанин“ во Качарево, кај Панчево, денеска починал скокајќи од училишниот прозорец од вториот кат, потврдија за Радио и телевизија на Србија (РТС) од Вишото јавно обвинителство во Панчево.
Несреќата во која момчето го загуби животот се случи денеска на мал одмор, пренесува медиумот.
Телото на момчето било пронајдено на бетонот во дворот на основното училиште дознава „Новости“.
Од Министерството за образование за „Новости“ велат дека во моментов ги проверуваат наводите за оваа несреќа а штом ќе бидат познати детали, јавноста ќе биде информирана.
Вишото јавно обвинителство спроведе истрага и нареди обдукција.