Радмила и Саша Марковиќ од Петловац кај Шабац останаа без својот четири и пол месечен син Кристијан – пишува Телеграф.
Кристијан заспал во количката и не се разбудил. Причините за смртта ќе бидат познати по обдукцијата.
“ Јас, татко ми и мајка ми како ќе го преживееме ова? Само да го видевте колку беше убав. Но, очите му се затворија, не се смее повеќе. Го облеков во она што му го купи тетка му. Таман му е, убаво му стои, – во плач вели мајка му Радмила и додава:
Кристијан од раѓање имаше големи здравствени проблеми. Се роди во седмиот месец од бременоста, немаше ни два килограма, па два и пол месеци беше во Белград каде го лечеа од сепса и уште од 13 болести. Го отпуштија со шум на срцето и аритмија.
Во саботата навечер му подготвиле на малиот Христијан храна во шишенце, ја изел, и го вратиле во количката. Веднаш заспал, и повеќе не можеле да го разбудат. Го однеле во амбуланта а лекарот можел да констатира смрт.
( Фото: Телеграф.рс)