Трагедија во градот Ловренц во Словенија. Дете заклучено во паркиран автомобил починало откако температурата во возилото нагло се зголемила.
Случаен минувач наишол на детето заклучено во автомобил. Пожарникарите од прегреаниот автомобил го извлекле детето кое за жал, веќе било мртво.
Во акцијата бил активиран и воен хеликоптер.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави апел до родителите:
„Не оставајте деца во паркиран автомобил! Екстремните температури можат да бидат фатални. Никогаш не оставајте никого во затворен паркиран автомобил. Ниту една минута. Децата не треба да си играат во автомобилот. Чувајте ги клучевите и далечинските управувачи на безбедно. Пред да заминете автомобилот, отворете ја задната врата и проверете дали е детето во него“, наведуваат од Институтот.