ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ТРАВОЛТА: Холивудската глумица Кели Престон почина од рак на дојка

by Тони Зографски

Холивудската глумица Кели Престон, сопруга на Џон Траволта, почина на 57-годишна возраст.

„Навистина ми е тешко да ве информирам дека мојата убава жена Кели ја изгуби нејзината 2-годишна битка со ракот на града. Таа се бореше храбро со љубов и поддршка од многумина. Нејзината љубов и живот ќе останат запаметени“, се огласи Траволта.

Кели Престон и Џон Траволта кои се приврзаници на црквата на скиентологијата, се родители на ќерката Ела (20) и 9-годишниот син Бенџамин. Синот Џет почина на 16 годишна возраст во јануари 2009 година од неизлечива болест.

На новогодишната ноќ 1991 година, Траволта и предложи брак во ресторанот на Палас хотел во Гштаад, Швајцарија, со шест-каратно жолто-бел дијамантски прстен. Кога се венчаа на 5 септември 1991 година, Престон беше два месеци бремена со нивниот син Џет.

Инаку, Кели Престон е родена во Хонолулу, Хаваи, студирала глума на Универзитетот во Јужна Калифорнија и ја започна својата кариера во 1985 година со својата прва голема филмска улога во „Mischief“ по неколку ситни улоги во телевизиските емисии, вклучувајќи ги „For Love and Honor“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com