Зоран Росоманов, зетот на фолк-дивата Виолета Томовска, и сопруг на Невенка, девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“ денеска почина од коронавирус. Утрово веста осамна на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг. Тој на јавноста ѝ стана познат откако за нејзиниот 50 роденден организираше пејачите да направат преработка на легендарната песна „Македонско девојче“.
Инаку, Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, пред неколку години, ни раскажа како кога Невенка го славеше јубилејниот 50. роденден организираше да се направи римејк на песната, а го отпеаја оперската дива Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески. За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Невенка е и инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише „Македонско девојче“ уште кога го славела првиот роденден.