Бебе од Илиноис, САД кое немало ни една година, почина од коронавирус, јавува Dejli mejl и додава дека од Ковид-19 досега нема информации дека умираат деца.
– Досега не е забележан случај во светот дека бебе починало од коронавирус. Коронавирусот досега не убиваше деца, напиша Нгози Езике, директор за Институтот за Јавно Здравје во Илионис, Чикаго.
Гувернерот на Илиноис Прикер во саботата потврди дека новороденче во државата починало поради коронавирус.
Ова е прва позната смрт на новороденче поврзана со појава на КОВИД-19 во САД, се вели во извештајот на „Њујорк тајмс“ .
„Знам колку е тешка оваа вест, особено за ова мало дете. Кога го слушнав тоа, бев потресен “, им рече Прикер пред новинарите во саботата.