ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Експлодира респиратор на интензивна, пет загинати

by Тони Зографски

Пет пациенти заболени од коронавирус го загубија животот во пожарот кој изби на интензивната нега во болницата “Свети Ѓорѓи’ во Сант Петербург, поради преоптоварен респиратор- јавуваат агенциите.

“ Респираторите работат до крајна граница. Според првичните информации, дошло до преоптоварување на еден од аспираторите кој ескплодирал и предизвикал оган – изјавил извор за агенцијата Интерфакс.

Од болницата се евакуирани 150 пациенти, соопшти Министерството за вонредни состојби во земјата. Не е јасно колку лица се повредени.

Инаку, Русија бележи 221.344 заразени од коронавирус, а вчера имаше 11.656  новозаболени во еден ден.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com