Работник кој бил вклучен во поставувањето на сцената за претстојниот концерт на Шакира во Бразил починал во трагична несреќа во недела, 26 април.
Несреќата се случила на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, а смртта на работникот ја потврдиле организаторите на концертот, пишува People.
Во соопштение објавено на Инстаграм, организаторите на концертот „Todo Mundo No Rio“ пишуваат:
– Организаторите на настанот потврдуваат дека работник кој работел на поставување на конструкцијата за концертот трагично загинал во несреќа во недела попладне.

Итните служби пружиле прва помош на местото на настанот, а пожарникарите веднаш биле повикани за да го транспортираат повреденото лице. За жал, работникот починал во болница. Нудиме секаква поддршка, утеха и изразуваме солидарност со компанијата што го вработила, нејзиниот тим и семејството на жртвата – се вели во објавата.
Другиот организатор, Bonus Track, исто така ја потврдил смртта.
– За жал, техничарот починал во болница – рекле тие, пренесува Yahoo News.
Државната противпожарна служба (CBMERJ) објавила дека работникот се здобил со „нагмечување на долните екстремитети од системот за кревање“.
Во соопштението се додава: „Пред пристигнувањето на екипите за итни случаи, другите работници веќе ја ослободиле жртвата од под опремата“.
– Членовите на 3-тата поморска група (GMAR-Copacabana) веднаш почнале да пружаат прва помош, по што жртвата била пренесена во Општинската болница Мигел Куто. И покрај напорите на спасувачките екипи, потврдена била смрт – заклучила противпожарната служба.
