Во четвртокот, во 05:15 часот во СВР Куманово, од Градската болница Куманово било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги на насилство.
Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.