Во полициската станица во Кратово вчера било пријавено дека брачен пар бил пронајден мртов во својот дом.
Не е познато дали станува збор за самоубиство или двајцата починале од студ.
-На 12.02.2020 околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66). Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од МВР.