Бебето, родено пред три недели од општина Липљан, почина од последиците од Ковид 19, потврди директорката на Клиниката за неонатологија при УКЦ, Хајрие Исмаили.
Таа за „Коха“ изјави дека бебето било во сериозна здравствена состојба од денот на приемот и било ставено на механичка вентилација.
Според Исмаили, бебето не е родено со коронавирус, туку, врз основа на анамнезата, било утврдено дека целото семејство било заразено со Ковид -19.
Инаку, во последните недели во Косово, бројот на пациенти и смртни случаи од последиците од корона вирусот се зголемува, од кои 101 лице почина во првите четири дена од септември, вклучително и четири бремени жени помлади од 40 години.