ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Фудбалска судијка почина при породување

by Тони Зографски

Фудбалска Италија тагува по информацијата за прераната смрт на судијката Марика Галиција, која почина вчера за време на породувањето, а нејзиниот син заврши во инкубатор поради проблеми со крвотокот.

Причина за нејзиното заминување е емболија на плодовата вода, што е нешто што ептен ретко се случува при породувањата. За време на нејзината бременост ништо не укажувало на ваков трагичен епилог, а проблемите почнале непосредно пред породувањето со царски рез.

Галиција повеќе од една деценија била судија на фудбалските мечеви и била омилена кај клубовите, кои синоќа се збогуваат со неа преку социјалните мрежи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com