Голема трагедија го снајде италијанскиот спорт. Младиот стрелец Кристијан Гили (19), двократен светски и трикратен европски јуниорски шампион во дисциплината скит, почина откако случајно си пукал во стомакот.
Несреќата се случила при лов во шума во близина на Пиза. Гили, според очевидци, се наведнал да ги земе чаурите и во тој момент неговата пушка пукнала и го погодила во стомакот.
Неговите пријатели повикале брза помош која го пренела во болница, но младиот човек починал за време на операцијата.