Момче (13) од Загреб почина во Клиничкиот болнички центар во овој град, откако, како што пишуваат хрватските медиуми, наводно испил поголема количина енергетски пијалок.
Лекарите го реанимирале долго време, но, за жал, залудно. Тинејџерот почина само неколку часа откако се забавуваше со пријателите во кино.
Момчето тој ден отишло во кино со неговите пријатели, по што се тркале околу зградата во која живеат кога момчето во еден момент паднало како покосено. Со брза помош било пренесено во Клиничкиот центар Ребро, но обидите за реанимација билебезуспешни, пренесува Вечерњи лист.
Ултразвукот на срцето покажал непрепознаена миокардиопатија, оштетување на срцевиот мускул.
Момчето наводно испило поголемо количество енергетски пијалок во кино. Според неофицијални информации, не е можно со сигурност да се утврди дали големото количество кофеин и таурин од пијалокот предизвикало смрт.
“Општо земено, покрај шеќерот, кој не е добар, проблематичните состојки на енергетски пијалоци за деца, кои можат да предизвикаат токсичност, се кофеин, таурин и Л-карнитин. Прекумерните дози на овие состојки можат да предизвикаат несакани ефекти или може да бидат токсични за младите“, вели за Вечерњи лист д-р Филип Рубиќ, педијатар со специјализација во медицина за интензивна нега од Одделот за детска интензивна медицина, при Универзитетскиот болнички центар Загреб, повикувајќи се на студија објавена во Педијатрија.
Стимулирачките состојки на енергетските пијалоци доведуваат до забрзување на срцевиот ритам, а тоа може да има последици за целиот организам.