ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Тренер славеше гол во 92. минута, доживеа срцев удар, па почина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Египетскиот тренер Адхам ел Селхедар вчера починал од срцев удар за време на натпреварот помеѓу неговиот тим Ал Магд и Ал Зарка во рамки на египетската втора фудбалска лига.

Тој доживеал срцев удар при прославата на гол на неговиот тим во последните моменти од натпреварот.  играчите штом забележале дека е во лоша состојба повикале екипа на Брза помош која веднаш се обидела да го оживее.

Неговите фудбалери го внеле во возилото и итно бил префрлен во клиника во Александрија, но по пристигнувањето можеле само да констатираат смрт.

Адхам Ел-Селдахар имаше само 53 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com