Момчето кое денеска се удави на плажа на грчкиот остров Фурни е синот на познатиот актер Одисеј Стамулис, јавуваат тамошните медиуми.
Единаесетгодишното дете кое е пронајдено мртво, настрадало во морето под засега неутврдени околности. Наводно се заплеткал во рибарски мрежи, но тоа не е официјално потврдено.
Детето било облечено во костим за капење и маска кога било пронајдено на плажа во близина на пристаништето. Неговата мајка, која води хотел на островот, го барала уште од рано попладне, а за исчезнувањето на момчето ги известила властите во 18 часот и 30 минути.
Веднаш започнала потрагата на полицијата и крајбрежната стража, која завршила трагично бидејќи малолетникот во 20 часот и 30 минути го пронашле нуркачите заплеткано во мрежи два метра под површината на морето.
Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во амбулантата во селото Фурни каде била констатирана смрт, пишува „Прототема“.