Осумнаесетгодишните Ендрју Донел и Макс Вол од Ирска починаа за само неколку часа на екскурзија на грчкиот остров Иос каде го прославувале завршувањето на колеџот, пишува Мирор.
Како што пренесуваат британските медиуми, несреќата се случила во текот на саботната ноќ. Ендрју се разделил од своите пријатели додека се враќале до нивниот апартман, по што тие го пријавиле за исчезнат. Неговото тело било пронајдено следниот ден околу 9 часот во нива, а според првичната истрага, трагите укажуваат дека се лизнал и удрил во камен во главата.
Макс кој беше пронајден мртов во пристаништето имал историја на проблеми со срцето. Пријателите кои биле со него изјавиле дека колабирал кога слушнал за смртта на Едрју. И покрај максималните напори на лекарите, подоцна во болница била констатирана смрт, пишува Мирор.