Сосетката која живеела во соседството на станот каде што таткото и неговиот двегодишен син Бронсон Батерсби биле пронајдени мртви, рече дека се загрижила поради тоа што момчето плачело цела ноќ и ја известила Добротворната организација за заштита на децата (NSPCC).
Британката Аманда Тови рече дека контактирала со Националното друштво за спречување на суровост кон децата (NSPCC) пред Божиќ, околу две недели пред момчето да умре од глад откако таткото Кенет доживеал срцев удар.
NSPCC потврди дека го добила извештајот и го предале на „соодветните органи“. Советот на округот Линколншир ветиле дека ќе извршат „брз преглед“ на инцидентот.
Тови рече дека малото дете ги поминало последните неколку недели од својот живот „сакајќи да биде сакано и гушкано“, додека неговиот татко се борел за да се грижи за него, пишува Дејли мејл.
„Беше главно ноќе, сето тоа можев да го слушнам од мојот стан погоре. Немам свои деца, па не можам да му кажам на некој друг“, рече таа.
Сепак, таа додава дека се загрижила и се јавила во НСПЦЦ непосредно пред Божиќ бидејќи го слушала момчето како плаче цела ноќ.
„Оставив порака, но не добив никаков одговор“, додаде таа.
Се верува дека момчето умрело од глад откако неговиот татко доживеал срцев удар околу Нова Година, но нивните тела биле откриени дури на 9 јануари – откако социјален работник претходно двапати заѕвонил на вратата од нивниот стан, но без одговор, по што ја известила полицијата.