На улица „Климент Охридски” во стан во Битола, се пронајдени безживотни тела на маж и жена на возраст од 62 и 57 години.
По направеното вештачење било откриено дека се работи за убиство и самоубиство. По расправија сопругот ја убил сопругата пукајќи со пиштол „ЦЗ“ 7,62, по што и сам си го одзел животот.
Настанот го пријавиле соседите, а на лица место извршен е увид.
-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, – стои во соопштението.
Телата на починатите се предадени на обдукција.