Довчерашниот кошаркар на Црвена Звезда, Нигериецот Мајкл Оџо, денеска почина од инфаркт во 27-година од животот. Одџо утринава тренирал индивидуално на стадионот во Белград и додека трчал му се слошило, по што паднал на патеката.
Веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Белград, но и покрај укажаната помош, тој починал.
Инаку, Мајкл Оџо, го посетувал универзитетот Флорида Стејт, а европската кариера ја започнал во 2017 година во Србија, односно, во тимот на ФМП. Последните две сезони играл за Црвена Звезда со која освоил титула на Србија и на регионалната АБА лига.