Петгодишниот Емануел почина од како беше нападна од куче и искасан до смрт. Трагедијата се случила на Бадник додека момчето и неговата баба биле на имот во езерата Варсити на Голд Коуст во Австралија. Но, како што се наведува, наеднаш, неочекувано, кучето го нападнало детето по што тоа итно било префрлено во болница на операција, но починало на операционата маса.
Баба му била повредена додека се обидувала да го спаси, пренесува „Мирор“.
Пријател на семејството почна хуманитарна кампања за собирање пари за таткото на Емануел за помош за погребот и други трошоци.
„На 25 декември петгодишниот Емануел, или како што го нарекувавме Мени, и неговата баба беа нападнати од куче на Голд Коуст. Малиот Мени не го преживеа нападот и покрај сите напори на лекарите“, напиша тој.
„Ангус е самохран татко, кој беше многу посветен да го даде најдоброто за своето дете. Мени беше светот на Ангус. Неговата љубов кон синот беше неизмерна“, додава тој.
Акцијата е иницирана со цел да му се помогне на таткото на трагично повреденото момче во овој тежок момент.
Службениците за контрола на животните во Градскиот совет на Голд Коуст отстранија две кучиња од местото на нападот, вклучително и мешавина од англиски бул териер и американски булдог.