Четири деца загинаа, а уште неколку ученици се тешко повредени при пад од височина од 10 метри, откако силните ветрови кренале во воздух гумен замок за скокање во основно училиште во Тасманија, соопшти австралиската полиција.
Службите за итни случаи, вклучително и неколку хеликоптери, брзо пристигнале на местото на несреќата во основното училиште Хилкрест во градот Девонпорт, трето по големина населено место на островот, објави Ројтерс.
Меѓу загинатите деца има две девојчиња и две момчиња од шесто одделение, а Си-ен-ен наведува дека во Австралија децата од шесто одделение се претежно на возраст од 11 или 12 години.
Си-ен-ен јавува дека пет ученици се во болница, во тешка состојба.
Повеќе детали засега не се објавени од приватни причини, соопшти полицијата.