Тој настрадал во место помеѓу Гора Влодавска и Заверце во обид да ја премине пругата на необележан премин. Полицијата го истражува случајот, по што ќе се знае дали станува збор за несреќа или, пак, за самоубиство.
„Утринава ја добивме тажната вест дека нашиот Кацпер повеќе не е меѓу живите. Оваа трагедија многу нѐ погоди, особено што станува збор за исклучително талентиран ракометар и прекрасна личност. Сочуство до неговото семејство“, напишаа од клубот КС Вирет по дознавањето на веста за смртта на Волек.
Најпогоден од трагедијата е неговиот тренер Мариуш Шчигел, кој и по повеќе од 24 часа не може да си дојде до себе од сознанието дека го загубил можеби најдобриот поединец во тимот.