Медицинската сестра Џесика Гуедес имала 30 години била шести месец бремена и наизглед здрава, кога во лимузина тргнала кон црквата во Сао Паоло, каде што ја чекал нејзиниот вереник и сите роднини и гости.
Додека се возела низ улиците почувствувала слабост и болки во вратот. Нејзиниот свршеник цело време бил пред олтарот. Прво мислел дека малку доцни, но кога еден избезумен роднина влегол да побара помош, му било јасно дека нешто лошо се случило.
Невестата се онесвестила во лимузината и морало итно да биде превезена во болница. Таму бил направен царски рез во обид да го спасат бебето, а Џесика веќе била мртва – таа имала тежок мозочен удар.
Девојчето било тешко едвај еден килограм и веднаш било примено на одделот за интензивна неонатална медицина. Всушност, болките во вратот кои ги чувствувала Џесика биле знак дека таа има мозочен удар.
Според лекарите, тоа се случило како последица на прееклампсија и внатрешно крварење. До тој момент, никој не забележал никаков проблем, а Џесика одела на редовни прегледи и здраво се хранела цело време.
Нејзиниот свршеник, пожарникарот Флавио Гончалвез (31) по оваа трагедија останал силен, за да може да се грижи за нивната ќерка.
„Бев загрижен. Ја чекав на олтарот, но таа не доаѓаше. Одеднаш, нејзината братучетка дојде и ми рече да отидам надвор. Ја отворив вратата од автомобилот, а таа лежеше таму, но, за момент ја поврати свеста и знаеше дека зборувам со неа. И реков, „душо, јас сум тука“. Тогаш ми рече да не се грижам, дека сè е во ред, но дека доживува силна болка во вратот. Во тој момент, јас станав спасител, она што го правам последните седум години“, вели Флавио бришејќи ги солзите.