Во селото Михајловка во Киргистан се случила голема трагедија. Браќата Давид (6) и Никита (4) се задушиле откако играле криенка и од натре се заклучиле во стар замрзнивач.
Како што пренесува Дејли Мејл, постарито брат влеголо во замрзнивачот кој се наоѓал во дворот, а кога помалиот брат го нашол, влегол и тој. Но, бидејќи замрзнивачот бил од советско производство, и не можел да се отвори од внатре, тие се заглавиле во него и се задушиле.
Кога родителите на децата забележале дека ги нема, го алармирале целото село и полицијата која ги нашла браќата во замрзнивачот. Родителите се обиделе да ги реанимираат, но било прекасно.
Како што соопштила полицијата, браќата биле заглавене пет часа, а починале од гушење.