Неговиот поранешен колега Стив Меслер ја откри трагедијата, но засега нема информации која е причината за Јовановиќ да си го одземе животот.
„Мојата лична легенда, човекот кој постави стандарди за концентрација, посветеност и труг трагично си пресуди на 43 години. Пав беше најдобриот колега кој може да го имате. Знаеше дека вашиот успех е и негов успех. На тоа ме учеше, ме учеше да водам сметка како моите колеги спијат, дали исправно се хранат, дали терапијата им е добра, каква им е работната етика во теретана, зад затворени врати… Ме учеше како сами да се грижиме. Ме ушеше како е важно да сте психички здрав, ама не само во животот, туку за да бидете успешен во спортот. Што се случува кога личноста која е најпозната по тоа дали е 150 отсто сконцентрирана или ништо, сфати дека баш тоа ништо е тоа на кое е 150 отсто сконцентрирана. Павле беше крал, беше стандард“, објави Меслер.
Јовановиќ со американскиот боб тим освои бронза на СП во 2004 година, а потоа настапи на ЛОИ во Торино, по што подоцна почна да настапува за Србија.
https://www.instagram.com/p/B__bdY2AOXV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet