Двократниот победник на Вимблдон, Романецот Илие Настасе се ожени по петти пат на 73-годишна возраст. Новата избраничка е Јоана Симион, која е 30 години помлада од него.
Двојката се венчала во неговото приватно одморалиште во градот Констанца во најблискиот круг на семејството и пријателите. Тие се во врска од 2018 година, а сега решиле да стапат во брак.
Од претходните бракови, Настасе има четири ќерки и еден син. Тој ги освои титулите во 1970 и 1972 година, кога неговата нова сопруга не била ниту родена.