Холивудскиот актер Бред Пит (60), се труди да не го експонира својот приватен живот после разводот од Анџелина Џоли во 2016 година, па неговиот живот после крахот на бракот не е толку познат.
Одредено време тој беше поврзуван со актерката Алаја Шокат, а никогаш не беше потврдено дека тие биле повеќе од пријатели, а потоа наводно бил во врска со мажената германска инфлуенсерка Никол Потуралски, но веќе две години се пишува дека Пит е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон (34).
Бред и Инес се трудат да ја зачуваат својата приватност, но сега американските папараци успеале да ги фатат во романтичен момент, додека прегрнати шетаат.
Актерот носел кафе во рацете, а делувале многу опуштено заедно. Ова не е првпат папараците да ги фатат заедно, но во претходните прилики се труделе да не се допираат.
Пит и Инес првпат заедно биле забележани на концерт во Лос Анџелес во ноември 2022 година, а неколку денови подоцна извор близок до парот за „People“ изјавил дека тие се гледаат неколку месеци.