Питер Динклиџ и Ерика Шмит се познат пар кој и денес го разбива стереотипот дека висината на мажот е пресудна за вистинската љубов.
Актерот Питер Динклиџ, кој ни е познат оd улогата на Тирион Ланистер во серијата „Игра на тронови“, последните неколку денови го промовирал својот нов филм „Трансформери“, а на црвениот тепих покрај него била, кој друг ако не сопругата Ерика Шмит. Парот позирал пред фотографите, а Ерика воопшто не ја криела гордоста. Питер, кој е висок само 135 сантиметри, за оваа прилика одбрал лежерна комбинација, додека Шмит, пак, романтичен макси фустан.
Поради разликата во висината, овој пар никаде не поминал незабележан, а сепак со својата љубов ги уништиле сите предрасуди. Сопружниците изгледале вљубени како и првиот ден, а успешно функционирале и како соработници. „Пит е неверојатно убав, шармантен и духовит, но кога пишуваат за него, сите се изненадени од неговата висина. Сепак, тоа е Пит“, изјавила сопругата на актерот за магазинот „Ролинг Стоун“ во 2012 година.
Кога Питер одамна го прашале како се справувал со својата висина, одговорил искрено. „Кога бев помлад, тоа дефинитивно влијаеше на мене. Како адолесцент бев многу огорчен и лут, недостапен. Но, како што старееш, сфаќаш дека всушност сè што треба да имаш е смислата за хумор. И да знаете дека тоа всушност не е ваш проблем, туку нивен“.
Сопругата на славниот Тирион Ланистер е неговото омилено друштво, а тој не криел дека најмногу сака да минува време со неа. Тие двајца секогаш можат да се видат заедно на црвениот тепих, а отсекогаш важеле за многу хармоничен пар.
Интересно е што за нивниот приватен живот многу малку се знае. Познато е дека имаат две деца и дека во 2011 година ја добиле ќерката Зелиг, додека името на синот кој се родил во 2017 година сè уште не било познато за јавноста.
Актерот можеби е дел од екстремно дисфункционално семејство во серијата, но во реалниот живот, семејството Динклиџ биле целосна спротивност од озлогласените Ланистери. Добитникот на Златен глобус за улогата на Тирион Ланистер во серијата „Игра на Тронови“ и Ерика Шмит, театарската режисерка, биле во брак од 2005 година.