Марк Волберг празничните денови ги поминува на Барбадос со својата сопруга Риа и децата, додека пак уживањето станало сè кон што тежнеат.
Актерот Марк Волберг е познат по својот суров начин на тренирање и исхрана за да ги зачува мускулите и младоликоста. Од друга страна неговата сопруга Риа Дарам (44) како да не се грижи толку за својот изглед…
Парот моментално се наоѓа на Барбадос каде уживаат во сонцето и брановите додека ги користат празниците за да одморат.
Меѓутоа, иако тие двајца одмараат, сепак папарацо-фотографите вредно работат. Така тие ги фотографирале Марк и Риа на плажа, а фотографиите го обиколија светот. Додека Марк целиот е во мускули, Риа го покажала својот целулит.
На некогашната манекенка не ѝ било гајле за папарацо-фотографите туку со семејството уживала во сончевите денови на плажа.
Да ве потсетиме, парот има четири деца: Ела, Мајкл, Брендон и Грејс.
„Се ѝ должам на својата сопруга. Таа ми помогна да станам човек каков што сум сега. Таа го создаде прекрасниот живот за мене и за нашите деца. Знам дека таа е единствената која ме сака ваков каков што сум“, изјавил Марк неодамна за својата сопруга.
Пријатели блиски до Риа велат дека таа отсекогаш сакала да биде мајка и сопруга и дека се посветила токму на тоа.
Но, таа продолжила и натаму вредно да работи и да го развива својот семеен бизнис, па таа и Марк се сопственици на ланец теретани, но Риа исто така е и дизајнер на облека.
Очигледно дека Риа сфатила дека не е сè во изгледот, па јавноста може само да ѝ се поклони поради тоа.