Во Неапол денеска е ден на жалост по смртта на Диего Армандо Марадона. Своите најдобри години во клупскиот фудбал Марадона ги имаше во Наполи, клубот кој до неговото доаѓање во 1984 немаше позначајни успеси.
Стотици жители на Неапол излегоа на улиците и се собираат пред муралите со Аргентинецот, а со кои е преплавен целиот град во кој Марадона ужива статус на божество.
-Вечерва умре делче од Неапол. Тој беше најчовечки од сите богови“, изјави Антонио Еспозито, стоејќи пред шестметарски мурал на Марадона.
Раководството на Наполи планира да го смени името на својот стадион „Сан Паоло“ во „Диего Армандо Марадона“.
Предлогот дојде од градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Магистрис, и веднаш беше одобрен од претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис. Двете страни веќе работат на преименување на објектот.
Во исто време, Неапол се подготвува правилно да го испрати своето миленик. Словакот Марек Хамшик, ги повика сите во градот да запалат свеќа на прозорецот во 20 часот и 45 минути по локално време, само 15 минути пред Наполи да и гостува на Риека во Лигата на Европа. И по едноминутно молчење, Хамшик ги покани сите во Неапол да аплаудираат гласно од неговата тераса Дон Диего, извикувајќи го неговото име.
Инаку, Марадона помина седум години во Наполи, кој за тој период ги освои своите две единствени шампионски титули.
Nápoli. pic.twitter.com/V5MebJAJP1
— TyC Sports (@TyCSports) November 25, 2020