Српските медиуми пишуваат дека 12 години откако загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Тоше Проески ќе добие своја улица. Имено, улица во српското село Јабука ќе го носи името на Тоше Проески.
– Ова е прва улица во Србија која го добила името по маестрото од Крушево, Македонија,- пишува порталот “013 инфо“.
Предлогот улицата да го носи името на Тоше е испратена до Градското собрание на Панчево, кое треба да го донесе решението наскоро.
Инаку, во селото Јабука живеат голем број Македонци кои на посебен начин сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник, пишуваат српските медиуми