Победникот на Евросонг 2014, Кончита Вуртс на својот Инстаграм постави фотографии на кои е тотално непрепознатлива. Сега е ќелава, и новиот изглед го покажа во вечерна тоалета. Освен што ја избричи главата Кончита одличила да не ги бричи нозете и градите. Таа изјавила дека никогаш не била посреќна во својата кожа.
https://www.instagram.com/p/BuPAdTTlOiE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Нејзиниот изглед повторно ја подели јавноста. Некои мислат дека изгледа генијално, други се згрозени и прашуваат каде оди овој свет.
https://www.instagram.com/p/BuPgZ3nl-mV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Кончита Вуртс има 30 години, и сеуште е една од најпопуларните евровизиски ѕвезди. Една година откако победи на Евровизија, напиша книга, а го позајми гласот и на анимираниот филм “Пингвините од Мадагаскар“. Минатата година таа призна дека веќе неколку години наназад е ХИВ позитивна.