Косата е украс и одлика на убавината на секој од нас. Здравата, јака, густа и сјајна коса е позитивен впечаток кој го оставаме, но и одговор на состојбата во нашиот организам и начин на живеење. Проблеми со истата предизвикуваат непријатност од козметички и естетски аспект и ни го отежнуваат секојдневието. Единствено што ни преостанува е превенција, грижа и заштита на косата но и сериозен пристап и консултации со стручни лица при евентуална појава на одреден проблем.
Во прилог неколку корисни совети како да ја заштитиме косата од преку умереното опаѓање, проретчување и губење на природниод сјај и свежина.
- ИЗБЕГНУВАЈТЕ СТРЕС!! Стресот е еден од причинителите за појава на алопеција и бројни кожни заболувања. Со цел надминување на истиот зголемете ја физичката активност и рекреирајте се. Практикувај те прошетки, редовен сон, јога, цвеќиња во непосредна близина, дозволете си есенските ноќи да ги поминете мирно и спокојно пиејќи го омилениот чај и слушајќи ја омилената песна.
- ХРАНА, НО САМО ЗДРАВА, богата со витамини и минерали, многу овошје и зеленчук и разновидна исхрана. Избегнување на честото конзумирање на кафе, цигари и алкохолни пијалоци но и држење на диети и нагло симнување на килажата. Исклучиво градете здрави животни навики и кон истите придржувајте се секојдневно. За промена во Вашата исхрана внесете ореви кој се богати со Омега3 и 6 масни киселини и изобилуваат со антиоксиданси. Спанаќот кој е богат со цинк и железо, но и искличително важни витамини за косата како Б12, витамин Д и Ц. И секако медот чии придобивки се од непроценливо значење за човечкиот род. Моќен антиоксидант, богат со железо, калциум, фосфор, магнезиум, витамин Ц и Б со антисептични и антибактериски состојки е одличен регенератор за косата, го спречува опаѓањето и намалувањето на влажноста на коренот и допринесува за зацврстување на фоликулите на косата.
- Внимавајте при изборот на препарати за нега на Вашата коса. Секогаш барајте производи чија безбедност и ефикасност е докажана со низа клинички студии и гледајте доминацијата и концентрациите на природни состојки бидат пред синтетските суровини и воедно се внимателно одбрани и потребни за подхрана на Вашето влакно, зајакнување и згуснување, поттикнуваат нормално функционирање на кожата на главата и предизвикуваат природен сјај, мекост и свежина на Вашата коса.
- Предлог бренд:
БИОЏСИНЕ -експертска формула за здрава коса. Ефикасна хербална солуција против губење на коса, со формула која е клинички тестирана, одобрена од германска Дерматест, со патентиран Б11 комплекс кој е составен од фитоестракти (невен, камилица, рогач, коприва,ајдучка трева, коњско опавче), амино-киселини, витамини (Б1, Б2, Б5,Б9, Ц) , минерали (цинк, железо, бакар) и антиоксиданси. Состојки кој ке Ви помогнат да го решите проблемот со опаѓање и проретчување на косата, ке стимулираат раст на нова коса но и ке допринесат за видливо зајакнување, регенерирање и згуснување на косата на главата. За повеќе информации за брендот задолжително посетете го нивниот сајт. https://dermokozmetika.mk/.