Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ открива дека големиот хит кој го испеа Оливер Драгоевиќ бил напишан за Здравко Чолиќ. Се работи за легендарната песна од 1988 година “Што то беше љубав“.
“ За Оливер напишав три песни и сите беа хитови. Мојот најблизок соработник Зденко Руњиќ ме праша дали имам песна за Оливер. Кога во 1988 години тој стана директор на Сплитскиот фестивал, му требаше песна за Оливер. Не беше згодно тој како директор да ја пишува. Во тој период Марина Туцаковиќ ми го покажа текстот за “Што то беше љубав“ која беше напишан за Здравко Чолиќ. Му го покажав на Зденко, го бендиса, и така наместо Здравко го доби Оливер. По две години ја напишав “Нека се други радују“ со која Оливер победи на Сплитскиот фестивал. Последна од трите песни за него беше “Два пута сан умро“ – рече Тончи Хуљиќ.