Тони Михајловски, македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер ексклузивен гостин во „Бомбакис поткаст“ на Кристијан Станковски. Водителот и „стенд ап“ комичарот за првпат во неговата кариера гостува во поткаст, во кој открива ексклузивни детали за создавањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Михајловски тврди дека оваа манифестација е негова идеја, а Ранко Петровиќ го нарече „лопов“.
-Јас ја смислив Златна Бубамара на популарноста. Мене ми се роди идеја, каде што ќе се сублимираат сите наградни манифестации на едно место, сето ова да биде од забавен карактер, а водителот да биде „стенд ап“ мајстор. Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за кој што имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна. Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја. Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски во вчерашното гостување во „Бомбакис поткаст“.
Михајловски во гостувањето во „Бомбакис поткаст“ открива дали некогаш би се вратил во политиката, а говори и за неговите планови и новитети кои ги започнал со маестро Игор Џамбазов.