Хип-хоп музичарот Тони Зен неодамна се оженил и станал татко на синот Јасен кој има четири недели . Убавите новости ги потврди и самиот тој.
-Имаме син, има четири недели. Навистина не сакам да се експонирам на овој начин, за приватниот живот никогаш многу не сум зборувал, – изјави Тони за Женски магазин.
Инаку, сопругата на Тони се вика Валентина Јованова и е од Гевгелија.