Пред еден месец, познатиот актер Том Хенкс ја понудил на продажба преку аукција својата „пегличка“, па во меѓувреме овој негов автомобил добил нов сопственик за 76.000 евра. Тоа е веројатно наскапо платениот Fiat 126p во историјата. Приказната поврзана со ова возило започнува во 2016 година кога актерот додека престојувал во Будимпешта објавувал селфи со Fiat 126p. Тоа било доволно да го привлече вниманието на неговата обожавателка Моника Јасколска.
Со оглед дека „пегличката“ е еден од симболите на Полска, а бил произведуван токму во местото од каде е Јасколска (Bielsko – Biala), таа покренува широка акција со цел да му подари на актерот еден ваков автомобил. Хенкс бил пресреќен и донирал значителни средства з аболницата во која работела Јасколска. Шест години подоцна, Хенкс одлучил да го донира ова возило за финансирање на хуманитарната кампања Hidden Heroes.