Оскаровецот Том Хенкс е болен од Ковид-19, а тој самиот на социјалните мрежи објави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон биле тестирани во Австралија откако почувствувале симптоми на треска и малаксаност.
Хенкс е во Австралија каде што работи на предпродукцијата на биографскиот филм за Елвис Присли, но по се изгледа работата ќе треба да причека. Како што вели и самиот во објавата, постојат медицински протоколи за заразените кои сите треба да ги почитуваат, а тој не е исклучок.
Двојката е сместена во карантин.