Премиерата на новиот „Top Gun“ се одржа во Лондон, а главни ѕвезди на црвениот тепих беа Том Круз и војводата и војвотката од Кембриџ.
Кејт Мидлтон ги воодушеви присутните со црн фустан со бели детали кои ги откриваа нејзините рамена, а еден момент го засени сето она што се случуваше на премиерата.
Додека се качувале по скалите, Том Круз и ја подал раката на војвотката и и помогнал, а Вилијам почнал да прави чудни гримаси на лицето.
Кавалерскиот потег на славниот актер почна да наидува на пофалби на социјалните мрежи, а на многумина не им е јасно зошто на војвотката не и пружил рака сопругот.
Rocking the red carpet #DukeandDuchessofCambridge #DuchessofCambridge #KateMiddleton #TomCruise #TopGunMaverick pic.twitter.com/gSbdTFu4ud
— Lady Lilibet (@LilibetLady) May 19, 2022
https://twitter.com/i/status/1527410577915650048