Том Круз, заедно со неговите колеги Сајмон Пег и Ребека Фергусон, пред неколку дена снимија сцена на плоштадот Свети Марко во Венеција, која се претпоставува дека е последна во седмото продолжение на „Невозможна мисија“.
Пред да пристигне филмската екипа во Венеција, Круз сними неколку сцени во Рим, а во една, верувале или не, заедно со Ребека во улогата на поранешниот агент на МИ6, Илза Фауст, се вози во жолта „Застава 750“, популарно кај нас како „фиќо“, автомобил кој се произведуваше во југословенскиот институт „Црвена застава“ во Крагуевац, под лиценца на италијански „Фиат“.
Премиерата на филмот „Невозможна мисија 7“, чие снимање беше одложено неколку пати поради пандемијата на коронавирусот, е планирано за 19 ноември 2021 година.