Том Круз се врати во Лондон за да го продолжи снимањето на осмиот дел од „Невозможна мисија“, откако снимањето беше прекинато на одредено време поради штрајкот во Холивуд.
61-годишниот актер пристигнал во Лондон со приватен авион, а пред да скокне во хеликоптер и да полета до локацијата каде се снима филмот, папараците го фатиле во ново издание. Круз ја покажа својата долга, разбушавена коса со прамени, а фановите ја коментираа неговата промена на имиџот.
„Ја сакам неговата долга коса“, коментира еден обожавател, додека друг напиша: „Сакам да му ја плетем косата“.
„Конечно нешто ново“, коментира трет, но не сите обожаватели беа воодушевени од неговиот нов изглед.
„Волонтирам да му ја скратам косата“, напишал четвртиот.