Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери се враќаат со нови лудории. Том и Џери ќе учестваат во нов хибрид од анимиран и игран филм.
Филмот, кој треба да се појави во кината во 2021 година, ќе покаже во какви авантури се вмешале Том и Џери во Њујорк. Популарната двојка ќе бидат единствениот анимиран дел од филмот. Покрај нашите омилени цртани ликови, Клои Грејс Мортез игра една од главните улоги. Таа игра организатор на венчавката, чија задача е да го истера новиот станар од хотелот пред венчавката – глувчето Џери.
Сценариото е напишано од Кевин Костело, а во режија на Тим Стори. Во филмот играат и Мајкл Пена, Колин Јост, Роб Делан и Кен Јонг.