Шестмесечната Ерин Бејтс целосно се опоравила од коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.
Пред две недели бебето било примено во болницата во Ливерпул и било ставено на кислород. Набргу после тоа, пристигнале наодите кои откриле дека е заразена со Ковид-19.
Лекарите и далемала шанса да заздрави додека се опоравувала од операцијата на срцето.
Нејзиниот татко објавил фотографија од својата ќерка од болнички кревет за да ги предупредува луѓето да ја почитуваат социјалната далечина и да останат дома.
Ерин го победи вирусот. Таа се насмевнува и гуга“, напишач нејзиниот татко Вејн, а среќна е и мајката.
„Ние сме горди. Толку малечка, а таков борец “, додала таа.
Персоналот во болницата и одал почест на малата Ерин откако излегле од просторијата за изолација со голем аплауз што се слушал низ ходниците, додека ја превезувале во одделот каде ќе помине уште некое време.
Posted by Emma Bates on Friday, April 24, 2020
извор: index.hr