Италијанската глумица Моника Белучи се раздели со својот млад љубовник Никола Лефевр по две години поминати заедно, информираат светските медиуми.
Според 54-годишната актерка, таа и 36-годишниот уметник и понатаму ќе останат пријатели.
„Овој човек ме научи многу, но сега нашиот лет ќе продолжи на друга висина. Ние едноставно остануваме пријатели за цел живот“, рекла Белучи.
ПОследен пат двојката беше забележана заедно на Канскиот филмски фестивал, на крајот на мај.