Претседателот на Русија Владимир Путин напиша авторски текст по повод 75 години од победата на Втората светска војна.
“ Поминаа 75 години од завршување на Втората светската војна. Од тогаш стигнаа неколку генерации, се промени политичката карта на планетата. Го нема Советскиот сојуз. Обично се вели дека војната оставила длабок белег во секое семејство. Позади тие зборови стои судбината на милион луѓе, нивната мака и бол од загубите. Гордост, вистина и сеќавање – пишува Путин и додава:
“ За моето семејство војната помина со огромни маки во опколениот Ленинград, каде умре мојот двогодишен брат Витја, а каде мојата мајка за чудо преживеа. Татко му иако ослободен од војска, доброволно се јави да го брани градот – го стори истото како милион советски граѓани. Се боререш кај местото “Невски платочак“ и беше тешко ранет. И што минуваат повеќе години, поголема е потребата да се поразговара со родителите и повеќе да се дознае околу војниот период на навните животи. Но, веќе е неможно да се праша, затоа во своето срце ги чувам разговорите со татко ми и мајка ми за таа тема, и нивните сиромашни емоции“, напиша меѓудругото Путин.