Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.
Како што јавува порталот, Митрев рекол оти случајно го имаат истото презиме, но кога било побарано подетално да објави тој одговорил:
-Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син, за подоцна, како што пишува А1он да каже оти станува збор за „лажни вести“.
Инаку, во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21 годишен, другиот 22 годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет. Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад.