Блејк Лајвли во интервју за емисијата „Tonight Show“ откри дека и е тешко да ги гледа интимните сцени што ги снимал нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Таа се присети на една непријатна ситуација која ја доживеала за време на летот со нејзината ќерка Џејмс.
„Сите во авионот сакаа да го гледаат Дедпул, сите. Тоа беше мачење. Секаде каде што погледнав, на секој екран беше прикажан мојот сопруг во интимни сцени со друга жена. Потоа ќерка ми погледна во екранот и почна да мавта по Рајан бидејќи мислеше дека е видео повик“, изјави 36-годишната актерка.
Неодамна актерката го откри правилото кое таа и нејзиниот сопруг секогаш го следат за да ја задржат искрата во бракот.Тие многу јасно ставија до знаење дека нема да дозволат Холивуд да влијае на нивниот љубовен живот.
И покрај зафатените распореди, парот се договорил дека никогаш нема работат и да отсуствуваат од дома во исто време и тоа го прави нивниот брак посилен. Додека гостуваше во „Further Ado“, Лајвли објасни дека иако работата е важна за неа и нејзиниот сопруг, тие никогаш не сакаат таа да застане меѓу нив.
За потсетување, Блејк и 47-годишниот Рајан имаат еден од најхармоничните холивудски бракови. Тие се познати по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Заедно имаат четири деца, од кои три ќерки – Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4). Името и полот на четвртото дете сè уште не се откриени.